Македонија Осуден за семејно насилство е директор на школо,обвинува „Маргини“- тој тврди дека тоа е клевета
Има пресуда за семејно насилство, има претставки од вработени за неговиот однос кон нив, предизвикал тепачка меѓу своето семејство и училишната социјална работничка која не ја истражил, нападнал директорка на градинка, родители се жалат на квалитетот на образованието поради проблематичното однесување – вака во 6 точки за период од 13 години коалицијата Маргина го опишува директорот на најголемото скопско училиште Лазо Ангеловски во општина Аеродром.
Претставки се поднесени и кај нив но и во општина Аеродром, од која Маргина бара реакција , а од министерството за образование да го испита однесувањето на директорот поставен од актуелниот градоначалник Златко Марин.
Телма контактираше со директорот кој рече дека се што е напишано е „клевета и нешто што значи злоба“. Според првиот човек на училиштето во Ново Лисиче, ништо не е точно и тој нема контакт со ученици ниту со родители туку за тоа се задолжени стручните служби.
Директорот Перо Арсеновски ни рече дека 35 години е во образованието, од кои 22 години бил просветен инспектор и никогаш не правел она што е наведено против него. Маргина ја спомнува и пресудата од 2013-та за семејно насилство и дека поради тоа Арсеновски не смее да биде директор. Директорот негира и тврди дека при конкурсот за директорот има поднесено чисто уверение од кривичната евиденција од судот.
Миомир Серафиновиќ



