Што констатираше лабораторијата од Штип во ОХИС останува тајна во судот

Прелистани илјадници документи за начинот на преточување, пакување и извозот на отровните хемикалии. Проверка на дозволите и елаборатот за животна средина. Мерења со иснтрументи во фабричкиот двор и лабараториски анализи. Трудот на штипската лабараторија која доби задача од стечајниот суд да ги ја провери фирмата „Екоцентар 97“ останува тајна за јавноста. Извештајот е на триесетина страници. Готов е повеќе од една недела, а судот вели дека нема да го сподели со јавноста.

„Според члeнот 144 од законот за парнична постапка овој документ не може а биде споделен со лица кои не се дел од постапаката ниту да се споделува во јавноста. Извештајот е нарачан и изработен за потребите на судот, а странките ќе биде известени со наодите.“ – соопшти Основниот суд Скопје 2

Немало загадување од истекувањето на опасниот метил акрилат кој се излеа заради дотраен вентил, но затоа има констатирано пропусти во начинот на 24 –часовното монитотирање и аларамирање.

Научниците од лабораторијата напишале препораки. Изведувачот Екоцентар  откако го добил извештајот за извршениот надзор за спроведување на договорот, резултатите од извршените мерења од лице место ги доставил до министерството и инспекторатот, но оттаму освен симболичната закоснка казна од три илајди евра нема друга реакција, потврди денеска министерот Насер Нуредини.

„Извештајот од мерењата на АРМ е финализиран и „Екоцентар 97“ веќе доби парична казна за  немарно постапување. Последно как оинформациај која што ја добивме од фирмата е дека во втората најдоцна третата недела од јануари ќе отпочне извозост на пакуваните хемикалии на уништување. “

Извештајот кој сега мирува во фиоките на стечајната судијка е документ кој го чекаше и јавното обвинитиелство за да процени дали има основ кривично да ја гони или не фирмата која доби доверба од стечајниот управник и собранието на доверители за 2 милиони евра да собере и извезе 11 опасни и отровни хемикалии од поранешниот хемиски гигант.

За да го оствари договореното „Екоцентар“ побара и доби 4 месечно продолжување на договорот од странките во стечјната постпака за да може да најде печка која ќе ја уништи цистерната со експлозивен и запалив винил хлорид. За целата орпеација за 13 мсеци оваа скопска фирма доби 2 милиони евра.

Павле Беловски

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ