
Османи се надева на почеток на преговорите на пролет
Во јануари ќе биде објавена новата методологија за проширување на Европската унија. Ова му го кажал новиот комесар за проширување Оливер Вархеи на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Тие денеска се сретнаа во Брисел, првпат откако Вархеи ја презеде функцијата.
Како што кажа Османи, Вархеи му рекол дека во новиот начин на преговори ќе бидат земени предвид мислењата на сите земји-членки, но и македонските ставови околу тоа прашање.
Прашање е сега, вели Османи, колку Македонија ќе биде подготвена до пролет, но смета дека можоста за почеток на преговори е реална.