Официјална Софија ги исцртува барањата кои ќе ни ги постави во преговорите со ЕУ

Декларацијата на бугарското Собрание и ставот на Бугарската академија на науки, кои предизвикаа остра рекација во јавноста но не и кај Владата, МНР и МАНУ се сигнал дека Бугарија гради став и позиција пред старот на преговорите напролет но и исцртува слика за тоа што би се барало од нас во преговарарачката рамка. Сепак дали и колку од барањата на Софија ќе влезе во рамката е предмет на договор.

Барањата на Бугарија најверојтано ќе се најдат во поглавјето 35, наречено останати прашања. Според Кацарска, прашањето на јазикот кое е актуелно како и учебниците по историја, може да се најдат токму во ова поглавје.

Прогресивни историчари и намалување на влијанието на политичарите во процесот на договаварње е еден од начините преку кој полесно може да се дојде до решение и надминување на несогласувањата.

Бугарската академија минатата недела излезе со став дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот додека бугарското Собрание усвои декларација со 19 точки, повеќето дискутабилни.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ