Економија Млеко-производителите од Пелагонија бараат веднаш да им бидат исплатени субвенциите
Пелагониските млекопроизводители излегоа на предупредувачки протест со барања да има бидат исплатени субевнциите за предаденото млеко за 8 месеци од 2018 година и за цела 2019 година. Се пожалија дека и покрај ветувањата, државната поддршка се уште не ја добиле
Како можело за се да има пари, за даскали, професори, доктори, администрација, а за нас дека сме гојдари, никому ништо, нема пари,
рече Тони Петковски од С. Велушина.
Ние тие субвенции ги немаме, ги чекаме еве помина годината, прашуваме кога ќе бидат испалтени,
рече Тони Алчевски, од Могила.
Сточарите велат дека сточниот фонд во Пелагониско веќе е преполовен, а без пари и со ниски откупни цени на млекото, никој од младите веќе не сака да се занимава со сточарство.
Со 15 денари не можеме кравите да ги прехраниме, треба концентрата, треба повеќе прилив на млеко, а ние не можеме тоа да го правиме. Само преживуваме како и стоката така и ние,
рече Оливер Талевски, Габалавци.
Од подрачното одделение за земјоделство во Битола, велат дека протестот има и политичка заднина, затоа што дел од субвенциите веќе се исплатени како што им било ветено на сточарите.
Првите 4 месеци веќе се исплатија, вторите 4 месеци од 2018 поголем дел се исплатени, а за последните месеци се очекуваат во наредниот период. На почетокот на 2020 година сточарите ќе ги земат субвенциите за 2019 година,
изјави Методија Илиевски, раководител на Подрачното одделение за земјоделество-Битола.
Сепак, млекопроизводителите велат дека ветувањата за исплата на субвенциите не се исполнети и најавија радикални протести.
Емилија Мисирлиевска



