
Тест за корупција за функционери, судии и обвинители
Идните судии, адвокати и бранители на забавен начин беа тестирани дали се подложни на коруптивно однесување. Студентите од штипскиот Правен факултет се првите кои го поминаа тестот, но експертите сметаат дека и актуелните функционери, судии и обвинители треба да ги поминат сериозните тестови. Според Елеонора Серафимовска од Институтот за социолошко, политички и правни истражувања резулатите не треба да значат и автоматско добивање на отказ, бидејќи коруптивното однесување може да се анулира со тренинг.
Корупцијата тешко се препознава, а академската фела ги учи студенти дека има црна, сива и бела корупција.
Во Последниот извештај на Хелсиншки комитет, објавен минатата недела се вели дека има подобрување на правната рамка, зголемена активност на Антикопциската комисија, но во него се наведува и дека треба да се се обезбеди ефикасна конфискација на имот стекнат во крвични дела и правна одговорност за прислушуваните материјали.
Викторија Димитрова Јованова