
По Договорот од Преспа зголемена соработка во културата, образованието и НВО
Зголемена е соработката во образованието, културата и граѓанскиот сектор меѓу Македонија и Грција по Преспанскиот договор, но тоа соработка се одвива ад-хок или врз основа на лични контакти, покажа истражувањето спроведено од македонското Здружение за истражување политки Аналитика и грчката фондација ЕЛИАМЕП. Заклучокот е дека постои голем потенцијал за соработка, но оти е потребен поголем ангажман на државите за тоа.
Државната помош и инволвирање мора да бидат поактивни и некои работи мора да се подобрат како што е институционалниот аспект на соработката, која во моментов недостига,
смета Јоргос Христидис, ЕЛИАМЕП – Грција.
Најпродуктивна соработка во моментов има во меѓу граѓанските организации, пред се поради својата неговата автономија како сектор.
Најслаба соработка сметаме дека има во високото образование што е исто поврзано со особеностите на овој сектор. Културата е некаде помеѓу. Таму секако има голем потенцијал за соработка и тоа е нешто што ние би сакале да го подвлечеме – дека двете страни ќе треба да работат интензивно да ја промовираат таа соработка,
изјави Христидис.
Истражувањето покажало и дека осработката најчесто се одвива на мултилатерлано ниво, во рамки на проекти на ЕУ, а малку на директно, билатерално ниво. Поради тоа се предлага развивање на функционална рамка за соработка меѓу двете земји, пред се во делот на образованието и стражувањата.
Универзитетите треба поактивни да бидат вклучени во иницијативи во однос на соработката. И самото истражување се покажува дека самите Универзитети си имаат други приоритетите во однос на соработката кога е во прашање Грција,
изјави Вели Креци, Аналитика – Македонија.
Истражувањето за влијанието на Договорот од Преспа врз соработката покажало, освен помошта од државата, за засегнатите, значаен фактор го сметаат и пристапувањето на земјава во ЕУ.
Тамара Грнчароска