
Заев со апел до министерствата за максимална соработка при проверката на судиите и обвинителите
„Поимот ветинг не треба да го употребуваме бидејќи се сфаќа различно, ние сме понапред од Албанија самите институции можат да ја направат проверката, преку користење на разни алатки“, смета премиерто Зоран Заев прашан за процесот на спроведување проверка на судиите и обвинителите.
Дел од институциите се под надлежност на валдата, дел не се, објасни тој и рече дека е задоволен од одговорот на Антикорупциска комисија за нивниот акционен план за 2020.
„Судскиот совет нема реакција, тоа е независен орган, треба да го испита недозволениот судир на интереси, да направата проверка внатре со механизмите кои им стојат на располагање“, рече Заев.
Тој рече дека УЈП има целосна надлежност да прават проверка на потеклото на парите и имотот на судиите и на било кој во држвата, а заедно со Централниот регистар може да преземат активности.
„Како дел од извршната власт тука е МВР и финансовата полиција, бидејќи граѓаните барат, а и има чесни обвинители и судии“, истакна премиерот.
Тој упати апел до институции од извршната власт максимално да соработуваат.
„Верувам дека ќе се екипираме но тоа не смее да биде пречка да ги извршуваме нашите надлежности“, заврши Заев.