(видео) Ременски не видела докази против неа за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, рече дека видела сè, освен докази.

-Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство, рече Ременски одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ денеска е потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Се очекува утре во Обвинителството исказ да даде и пратеничката Ременски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ