Креаторот на пензиската реформа во француската влада си поднесе оставка

Високиот советник за пензии во француската Влада, Жан-Пол Делевој, чиј контроверзен план за пензиите предизвика масовни штрајкови во земјата денеска поднесе оставка.

Но оставката ја поднесува по притисокот од медиумите дека не ги пријавил дополнителните платени и неплатени функции, кои некои не биле компатибилни со неговото членство во Владата. Делевој имал 13 функции, од кои три со надоместок. Со челнот 23 од францускиот Устав, на министрите им е забрането да вршат дополнителни функции. Делевој учествувал во тинк-тенк организација за која месечно добивал по 5.000 евра, но со извршување и на други дополнителни функции, вкупно заработил 123.000 евра откако е назначен во владата во септември во 2017-та.  

Според Елисејската палата оставката била на иницијатива на Делевој.

Оставката доаѓа во чувствителен момент кога јавноста е на нозе поради пензиските реформи кои владата се обидува да ги воведе, а поради што државата е парализирана од генералниот штрајк.

Опозицијата која повикуваше на оставка на Делевој, уште претходно, ја поздрави одлуката тој да си замине, но апелираат дека сега мора да си замине и неговата пензиска реформа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ