Јасна Мандиќ во Обвинителството дава исказ за „Рекет 2“

Потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ, е во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за даде исказ за она што ја товари Обвинителството во истрагата за невладината, откако минатата недела изврши увуд во доказите. Во Обвинителството е донесена со полициска придружба, бидејќи е во куќен притвор.

Увидот во доказите го продолжува и пратеничката Фросина Ременски. Таа во петкот пет часа вршеше увид во доказите, а според информациите од Обвинителството таа исказ треба да даде утре.

Другите осомничени во овој случај Бојан Јовановски познат како Боки 13, неговиот татко Миле и асистентката Христина Блажевска исказ треба да дадат во петок.

Мандиќ е прва од сите осомничени лица во „Рекет 2“ која дава исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Се товари за помагање при извршување на кривичното дело перење пари.

Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а биле рекетирани и други бизнисмени, како Зоран Азманов и други.

Обвинителката која го води овој случај, Вилма Русковска вели дека истрагата за вториот дел од „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да поднесе обвинение.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ