Зa агресијата кај децата виновни видео игрите, но и родителите

Агресијата и насилството кај децата зема се поголем замав, констатираат психолозите. Ваквото однесување најчесто е резултат на расправиите и физичкото насилство меѓу нивните родители, но и се почестите видео игри кои ги користат децата, за на крај да резултира со нивно самоповредување или физичко и вербално насилство кон нивните врсници.

Најдобра превенција е децата отворено да зборуваат за насилството кое го гледаат дома, но и да ги пријавуваат насилниците. Тое многу ретко се случува, а голем проблем е и немањето на доволно кадар во училиштата. Класичен пример е Средното стручно земјоделско училиште Моша Пијаде во Тетово каде има 800 ученици а еден психолог.

Во Средното Стручно училиште Моша Пијаде во Тетово, беше одржана трибина како завршен дел од осумтте одржани работилници на тема –  насилство. Беше констатирано дека агресијата може да се спречи со поголема едукација и работилници каде отворено како родителите така и децата ќе зборуваат на оваа тема.    

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ