Код: Освен Горан Грујовски во УБК имало и други со двоен идентитет

Управа за безбедност и контраразузнавање открива и попречува дејности насочени кон поткопување или уривање на поредокот утврден со Уставот и загрозување на безбедноста на земјата. Што значи врши опареции, мисии акции внатре во државата. Нејзина надлежност не се други земји ниту пак нејзините агенти смеат да вршат операции надвор од границите на Макеоднија.

Но според извештајот пронајден во досето кај Ременски Законот е прекршен.  Тројца вработени во Управата со месеци не доаѓаат на работа. Но тоа не се случувало само една година туку низ неколку години отсуствата траеле подолго.  Нивното често отсуство е пријавено до ванатрешната контрола . Тие направиле контрола каде се двајцата вработени и какви задачи извршуваат. Тогаш дошле до неверијатни сознанија дека тројцата припадници на УБК имале еден идентитет за во Македонија но друг за надвор од неа.  Слично како Варелов и тие добиле пасоши со имиња и презимиња од македонија но дали ликовите се измислени или вистински постојат како што бече случајот со Варелов истрагата треба да покаже. Кoд дознава дека нивна задача била да работат со лажниот идентитет надвор од границите на службата и државата- во други земји а дел од тие земји се и членки на Еверопската Унија или НАТО.  Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица . Во извештајот според извор на КОД стои и дека се користени возила со уреди за следење. Биле користени камп возила со светла боја и скопски таблички но таблиците биле фалсификат.  Но сето ова тајните агнети не го вршеле за македонската тајна служба-матичната УБК. Туку за служба пријателска на петтата управа со која има долгогодишна соработка.

Код дознава што крие одземеното  досие  од претресот кај Ременски?

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ