Пендаровски: „Реформите се клучни – Мал Шенген е само алатка за влез во ЕУ“

Македонија припаѓа во Европската Унија, добивањето на датум напролет е повеќе од извесно но сепак мора да се работи интензивно на реформите во клучните сектори и на поврзувањето со другите апсиранти од Западен Балкан. Виновници за неуспехот не треба да се бараат и фокусот треба да бвиде на исполнување и меѓусебно поврзување.

Ова се заклучоците од меѓународната конференција организирана од Унијата на европски федералисти на тема „ Можности за регионална интеграција на македонија во европска Унија“ а на која се обратија претседателот Стево Пендаровски и министерот Никола Димитров.

Според Петар Богојевски, претседател на Унијата во Македонија,  поддршката на државата и државноста за бескопромисна полна интеграција во НАТО и ЕУ е новата форма на граѓански активизам за кој ќе се залагаат од Унијата. Реформа на политичкиот систем во Македонија и изборниот модел е клучен смета тој.

Претседателот Стево Пендаровски пак нагласи дека интеграцијата во ЕУ е право на секоја држава, не е милостина и подразбира реформи и исполнување на услови и стандарди. Процесот ќе трае меѓу 5 и 7 години, период во кој ќе мора да се работи а „Мал Шенген“ не е замена за членство во Унијата туку дополнителен чекор на државите од Западен Балкан.

Министерот Никола Димитров кажа дека регионалната соработка е алатка за влез во Унијата бидејќи во регионот кој е опкружен со земји членки има премногу граници и гранични спорови кои се пречка за слободно движење на граѓаните и транспорт на стока.

Димитров нагласи дека не треба да се падне во како што кажа замката на жртва и да обвинувааме други држави членки у да се работи на носењето на клучни закони како оној за јавно обвинителство.

Заменикот претседател на УЕФ нагласи дека реформите во Македонија се успешни и дека иднината на државата е во Унијата нешто за што ќе се залага и ќе добие поддршка од сите федералисти во Европа.

На конференцијата се обрати и европратеникот Радан Канев според кој  клучен е новиот т.н. „европски зелен договор“ бидејќи тој се однесува на целиот континет и поради тоа е потребно поврзување на аспирантите и нивно политичко и пред се транспортно поврзување со Унијата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ