Исклучените од парно ќе можат да си ги вратат парите од надоместокот

Граѓаните кои се исклучени од парно греење и незаконски плаќале надоместок на „Топлификација“ и „Бег“, оние кои биле тужени и изгубиле судски спор и завршиле кај извршител, ќе можат со камати да си ги вратат парите назад. Според експертите, со правното мислење на Врховен, се отвора можноста граѓаните поединечно да бараат повторување на постапката и да ги добијат процесите, бидејќи судиите ќе мора да го почитуваат правното мислење на Врховен. Но, постапките можат да се повторат само по 5 години од правосилноста, односно заклучно со 2014 година.

  • Граѓаните можат да очекуваат повраток на сиоте незаконски наплатени средства по основ на извршни исправи од странна на Топлификација АД Скопје во постапка утврдена со закон. Во тој случај ќе им бидат вратени  и средствата кои им се одземени и по основ на нотарски, адвокатски, судски трошоци и дополнителни трошоци за застапување, значи целокупниот тек на постапката“- изјави Владимир Кацарски, адвокат.

Инаку со мислењето на  Врховен се потврди дека прописот по кој „Топлификација“ и „Бег“ наплатуваат надоместок за исклучените од парно греење, тужеа, а судиите пресудува во нивна полза е укинат од Уставниот суд во 2009 година. Во мислењето стои дека судиите носеле одлуки по тужбите, по непостоечки пропис во правниот систем во земјава. Со ова се потврди и она за што со години наназад протестираа и алармираа и граѓанските здруженија.

  • Правното мислење на Врховниот суд јасно кажува дека секој судски процес, судска одлука или извршно решение кое што се базира врз некој закон или пропис кој што не е во правен промет е ништовен. Веднаш треба да сопрат овие судски процеси и сите извршувања од датумот кога Уставниот суд го има укинато овој пропис.Тие незаконски наплатуваа меѓутоа уште попоразително е тоа што судиите суделе за вакви случаеви врз основа на правни работи кои веќе не се во правен промет. Тоа секој судија треба да го знае. И овие судии пред Судскиот совет треба да одговараат и да бидат тргнати. По мое мислење треба се да се стопира, да се врати назад и да им се вратат парите на граѓаните.“- изјави за Телма Марјан Ненов од “ Но Пасаран“.

Од „Топлификација“ не го коментираа правното мислење на Врховен, додека не го разгледаат.

Ианку здружението „Но пасаран“ од 2013-та година до сега оджаа преку 270 протести укажувајќи дека надоместокот е незаконски. Според нивнте информации пак Топлификации имала над 70.000 судски процеси против граѓани и  2 милиони евра годишна наплата по овој основ. Со одлуката на Регулаторна исклучените од парно од април годинава не плаќаат надоместок. А во Скопје има над 10.000 граѓани кои се исклучени од системот за парно греење.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ