Депонијата под Кале повторно се чисти, жителите префрлени во центарот во Визбегово

Втор пат оваа дива населба и мини депонија во центарот на Скопје се чисти и од луѓе и од ѓубре и шут собиран со месеци. Непријатната миризба која се ширеше и константниот чад од запалени кабли на кој се жалеа граѓаните и рекреативците кои го користат јекто на вардар барем до пролет нема да ги има.

Град Скопје и министерството за труд и социјала со триесетина работници и мехнизација денеска ја расчиствуваа оваа депонија, го собираа сметот и  ги демонтираа импровизираните живеалишта на стотина луѓе чиј дом беше токму ова место.  Некои од нив сеуште беа тука за да  ги соберат работите кои им се значајни или вредни.

Алтернативата за депонијата, собирањето на шут и палењето на кабли за да се извади бакарот е сместувалиштето во Визбегово, со нормални услови за живеење но и со можност за работа и заработка. Таму ќе бидат згрижени четиринаесет фамилии на кои оваа депонија им беше дом.

Меѓутоа не сите сакаат да ја напуштат депонијата. Овој скопјанец вели дека неговите два сина се префрлени во домот Ранка Милановиќ а не во Визбегово и дека и таму нема елемантарни услови за живот. Куќата во населбата Шуто Оризари во која порано живеел вели дека не е безбедна и може секој момент да се урне па затоа ќе ја избре улицата, повторно.

Дел од ангажираните работници застанаа во одбрана на градоначалникот и министерката.

Додека се бара сопственикот на локацијата, кој според градоначалникот Шилегов ќе треба да учествува во чистење на просторот, оваа мини депонија и овие искршени телевизори ќе останат тука, веднаш до влезот на резиденцијата на поглаварот на МПЦ.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ