
Администрацијата чистеше со иницијативата „ Не биди ѓубре“
Под мотото „ Чисто како дома исто“, на 20 локации во Скопје и во внатрешноста, јавната администрација се приклучи на акциите на граѓанската иницијатива „ Не биди ѓубре“ , за чиста живтона средина.

- Денеска сите се нестрпливи , гледам, да чистат. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Да го разубавиме и светнеме Скопје пред Нова Година, вели Јасмина Симоновиќ- „ Не биди ѓубре“
- Сметам дека е корисна и дека треба почесто да се применува.
- Поводот кој што е денес, не треба само денес, треба да е постојано. Меѓутоа за да не дојде до вакво нешто, треба претходно да си ја чуваме околината.
- Ова е одлична порака , да се вклучиме сите заедно. Ние гледаме пример од други и од нас треба да гледаат пример.

Според министерот за информатичко општество и администрација, кој чистеше на паркингот кај јавниот сервис, заедно со евроамбасадорот Жбогар, акцијата треба да ја подигне свеста на граѓаните да не ја валкаат и да ја одржуваат околината чиста.
- Најважно од се, откако ќе исчистиме, апсолутно да ја кренеме свеста и на луѓето што се тука, но и на тие што гледаат. Затоа што не треба повторно да се валка животната средина, изјави Дамјан Манчевски- Министер за информатичко општество и администрација.
- Во Словенија знаеме дека ѓубрето на подот е наше и дека никој друг нема да го собере, освен ние. Јас мислам дека тоа треба да се пренесе и овде во Северна Македонија, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Премиерот Заев кој дојде да чисти во Бутел, во кругот на училиштето „ Панајот Гиновски“, рече дека по долги години негрижа за животната средина, владата изготвила план за борба против аерозагадувањето и за заштита на животната средина.
- За прв пат се издвојуваат посебни буџетски сретства за намалувањена аерозагадувањето. Во рамките на тој буџет, во тек е спроведување на најголема поединечна инвестиција во историјата на земјата. За грижа на животната средина со извојување на 10 милиони евра за инверор клими кои ќе ги заменат печките на дрва и нафта во 10.000 домакинствата во Скопје, Тетово и Битола и Куманово, рече премиерот.
Администрацијата чистеше одработувајќи го 2 јануари од оваа година. А, акција за чистење е планирана и напролет.
Сотир Трајков