
Бејли: Конфликтот на интереси во Советот на јавни обвинители го намалува угледот на судството
Конфликт на интерси и непотизам во Советот на јавни обвинители е една од причините зошто на судството и судовите во Македонија најмалку им се верува. Ова денеска го изјави американскиопт амбасадор Џес Бејли, кој без да споменува конкретни имиња посочи дека во одлуки кои ги носел Советот за јавни обивнители претходно годинава имало конфликт на интереси.