
Владиниот предлог за можноста за отворање фирма за едно евро ги дигна на нозе бизнисмените
Предлогот на Владата да може да отвори фирма во земјава со основачки влог од само едно евро ги дигна на нозе бизнисот и експертите. Велат со такво законско решение само се отвора патот за нелојалната конкуренција и за уште поголема правна насигурност на бизнисот.
Владата предлага сите граѓани кои имаат добра бизнис идеја, но немаат доволно средства, односно 5.000 евра за оснивачки капитал,, да се регистрираат со влог од 1 евро и да бидат друштва со ограничена одговорност. Очекуваат така да се намали сивата економија. Примерот е земен од Хрватска. А надлежните не гледаат опасност – тврдат има заштитни механизми за доверителите.
– Во однос на финансиското работење, само за ова друштво се предлага да има задолжителна резерва, во која мора да се внесе ¼ (една четвртина) од добивката на друштвото искажана во годишните финансиски извештаи.Во спротивно, се предвидуваат прекршочни санкции во форма на глоба и времени мерки забрана за вршење дејност, односно должност, како за друштвото, така и за одговорното лице во друштвото.- објаснуваат од Министерството за економија.
Бизнисот сепак негодива – не бил ниту консултиран. Порачуваат проблемот со сивата економија не се решава со менување само на формата.
„Со измените на законот с предвидува да се формализира неформалната економија, но од другата страна постои голем ризик да се воспостави нелојална конкуренција. Кај бизнисите владее несигурност што би било со овие нови правни субјекти кои ќе бидат во правниот и економскиот промет“- вели Дрилон Исени, Стопанска комора на Северозападна Макеоднија.
„Нема правна и финансиска гаранција дека при евентуално оштетување на доверителите ќе нема покритие за миниму основачки капитал. Во моментов тоа е 5.000 евра со кој се гарантира обештетување на сите доверители“- изјави Ѓорѓи Грковски, ССК
И од Бизнис конфедерација се децидни, ќе расте нелојалната конкуренција, и несигурноста во бизнисот.
„Отварање на можноста на создавање на ефтина нелојална конкуренција, односно нелојална конкуренција без гаранција. Бидејќи секогаш компаниите трговските друштва одговараат, нормално пред се менаџерскиот тим но пред се и со капиталот.
Дополнително економска гимнастичка шанса за да можат за да можат некои да ги избегнат и тие обврски кои ги имаат со можам да кажам еден ефтин чин и ефтин начин поттикнат од законска регулатива.“ – изјави Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.
Измените на законот веќе се во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени најбрзо. Од Владата велат ова била една од нивните приоритени мерки кои стојат и во Програмата.
Александра Филиповска