
Дали и колку нови згради ќе има на денационализираното земјиште кај фабриката „Треска“?
Дали и колку нови згради ќе има на денационализираното земјиште кај фабриката „Треска“ се уште не се знае, но од Асоцијацијата на архитекти немаат дилеми дека таму ќе се гради. Надворешна Комисија составена од урбанисти заедно со Општина Центар ќе го анализира ДУП-от заедно со Општина Центар, кој што е донесен во 2012 година, а во овој момент е под привремен мораториум. Но, експертите го лоцираат проблемот со неусогласеноста на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план. А, тој реон каде што се наоѓа и фабриката „Треска“ веќе е преизгграден, оценуваат од Асоцијацијата на архитекти.
Мартин Пановски смета дека централното градско подрачје и треба да подлежи на градежни активности затоа што тоа му прилега на еден голем град. Но, како се прави тоа – е проблем којшто се уште не е регулиран, а од тоа патат повеќе населби во Скопје.
Комисијата за урбанизам во Општина Центар го има на маса Деталниот урбанистички план за Градската четврт каде што се наоѓа „Треска“. Но, се уште не почнале да го разгледуваат, одговорија тие за Телма. Велат дека планот е многу опширен и комплексен и затоа им треба повеќе време за анализа. Неофицијално, околу февруари ќе следи и јавна анкета за тој ДУП.
92% од земјиштето коешто е составен дел од тој ДУП, а беше во сопственост на поранешниот индустриски гигант „Треска“ е денационализирано и вратено на барателот, со одлука на Комисијата за одлучување по барања за денационализација донесена лани.
Петар Догов