СДСМ ќе ја разгледа сериозната порака од ДУИ

            Петте илјади амандмани на Изборниот законик поднесени од ДУИ се too much. Вака премиерот Заев го оцени потегот на коалицискиот партнер. Вели дека кога ВМРО ДПМНЕ поднесува 9 илјади амандмани – тоа најавува намера да се блокира законот, но амандманите од ДУИ се сериозна порака што СДСМ треба да ја разгледа.

            Владеачката ДУИ вчера соопшти дека со 5 илјади амандмани ќе му застане на пат на едностраното менување на изборните правила. Иницијаторите на измените на изборното законодавство, чиј број се искачи на 17, тврдат дека предлогот за една изборна единица и за отворени листи има поддршка од 65 пратеници. Апелираат амандманите да се повлечат и да се отвори дијалог.

            Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се отворени за разговор, но по априлските избори. Прецизираат дека ДУИ е партијата што поднела 6 илјади амандмани, а нивните пратеници имаат по 600 за двата закони.

            Опозициската БЕСА прифаќа менување на изборниот модел и предлага три изборни единици, наместо сегашните шест.

            Двата предлога за менување на Изборниот законик треба прво да го поминат филтерот на Комисијата за политички систем. Претседателот Александар Кирацовски вели дека службите интензивно работат но се уште не му го соопштиле дефинитивниот број на амандмани. Ќе ја закаже седницата веднаш штом го добие тој податок, но не пред 17-ти декември.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ