
(видео)Седумгодишното девојче на пратеникот Сашко Костов од СДСМ било мета на киднапери
Среде бел ден токму на оваа улица Страшо Ербаче во Кочани седумгодишното девојче на пратеникот Сашко Костов од редовите на СДСМ било мета на киднапери или на насилници. Оваа дилема треба да ја реши истрагата на полицијата. Пратеникот, Костов во македонското собрание денеска за Телма брифираше дека завчера додека неговата ќерка се движела по улицата, возило со странски регистерски таблички кое се движело со голема брзина по улицата, нагло застанало до неа.
- Од совозачкото седиште маж со наредувачки глас и викнал да влезе во возилото. Голема среќа е што девојчето било присебно, па само одмавнало со главата. Во тој миг поминал мојот вујко, кој свикал по непознатите во возилото, по што со голема брзина побегнале од улицата, вели Костов.
Мотивите не му се познати, дали станува збор за политика или бизнис. Во текот на неговата кариера работел како обвинител, народен правобранител, адвокат и во админстрација. Досега во животото немал никакви закони, ниту тој лично, ниту некој член од неговото семејство. Забележува дека семејството по овој настан е вознемирено.
Неговите три деца од страв во иста соба ја поминале ноќта, на училиште одат во придружба со возрасен, а пред куќата имаат и полиција. Отфрла било какви матни бизнис врски, какошто одредени портале пишуваат. Од СВР –Штип денеска пристигна соопштение, од коешто не може да се заклучи каква квалификација има делото на двајца, коишто вчера се приведени.
- Контастирано е дека 18 годишните МЃ и ИЈ со патничко возило БМВ, управувано од МЃ се движеле низ улиците во градот и вознимирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица-Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, соопштение од СВР-Штип.
Од СВР-Штип информираат дека откако Јавниот обвинител ќе го комплетира случајот, против овие две лица ќе поднесе соодветени поднесоци.
Викторија Јованова