Демант на Шенки од Арачиново

По објавениот во целост демант на лицето Шенаси Маслани од Арачиново преку правниот застапник Џартовски Дарко, Телма ТВ ќе додаде во прилог, елементи на кои се темели новинарскиот прилог.

Во прилогот во прашална форма е наведено, што полицијата пронашла во саботата кај 12 лица со 34 претереси? Што, пак, е спорно за подносителот на демантот?

Во официјалното соопштение на МВР од 07.12. 2019 и изјавата на Сузана Прајниќ од МВР се објавуваат детали, иницијали и дејствија преземени за сомнежи за сторени кривични дела.

Па, оттука и Телма ги постави истите прашања до истражните органи МВР и Ј.О. дали Ш.М. и Ш.М се гонат за сторени кривични дела. Телма нема тенденција да клевети, ниту, пак, да оцрнува поединци туку да бара одговори и да известува врз основа на факти и проверени информации.  Доколку Мслани не е дел од полициската акција на МВР тогаш истите тврдења ќе треба да ги адресира и до министерството за внатрешни работи.

Поврзаноста на Маслани со модниот бренд „Версаче“ аспект кој го нотира Маслани не е случајност туку лични и автентични тврдења на самиот Маслани изминативе години пренесени во тв прилози, таблоиди и дадени други неформални изјави.

Со почит за пресумпцијата на невиност на лицето Шенаси Маслани од тимот на Телма ТВ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ