
Започна со работа леарница Краунфилд Фаундри, со ветување дека нема да се загадува животната средина
Стартуваше со производство леарницата Краунфилд Фаундри во Пробиштип, за која невладините и граѓаните пред да почне изградбата реагираа и бараа потврда од компанијата дека нема да го загадува воздухот и водата, откако во овој објект ќе се произведат и обработат оделаноци од сиво и нодуларно железо.
Раководството на компанијата денеска со ветување дека за производство ќе се користи само електрична енергија и строго е забрането употреба на суровини, кои се штетни по здравјето на луѓето и средината.
Во леарницата ќе се произведуваат капаци за шахти и разни машински елементи, во неа досега се вложени околу 17 милиони евра.
Пред пет години меѓу оние кои се сомневаа дека оваа инвестиција ќе биде новиот загадувач на Пробиштип беше и сега актуелниот градоначалник Драган Анастасов.
Најави дека ќе постави мерни станици за квалитетот на воздухот, а за проширување на овој капацитет ќе нема можност, бидејќи земјиштето е продадено на друг странски инвеститор.
Пробиштипјани сметаат дека новата леарница значи и задржување на младите, но бараат и сигурност дека нема да загадува.
Македонската влада договорот со Краунфилд Фаундри го потпиша во 2014 година, но она што на новинарите и падна во очи е дека беше регистрирана на Девствените острови, и на истата адреса каде беше регистрирана и фирмата која неуспешно се обиде да ја рестартира велешката топилница.
Викторија Јованова