Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: “Орце шокираш”

Од 10-тина секунди до минута и пол нови 9 бомби објавени на Јутјуб  откриваат сегменти од разговри на кои јавноста го препозна гласот на сведокот во Рекет, Орце Камчев.

Во еден од разговорите  соговорникот споделува информации за односот мегу Боки 13 и Зоки Кичеец на што  другиот му се одговара со зборовите Орце шокираш!

Од содржината на видеата може да се заклучи дека разговорите се направени по објавување на аферата Рекет и видеата во весникот Ла Верита. На нив се слуша дека препознатливиот куфер  прошетал  во Загреб и Милано но и дека во него имало уред за следење.

Добро, Боки, вистина ги однесе парите таму, бе? – Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има ЏиПиeС, сè има. У рачка, у металното.

„Му ги дал на него? -Не знам, куферот не е кај Заев“.

Од гласовите на соговорниците се препознава и задoволство затоа што снимката со парите има милион и пол прегледи.

Во некои разговори се слуша само едниот соговорник, гласот на другиот го нема, во некои снимки во позадина има музика во други се слуша сообраќаен метеж.

Покрај обвинетите во Рекет  низ снимките се споменува многу звучни имиња обвiнителката Вилма, Јово и Врховен,  Мицко, Зоки, Сашо, Геро.

Му пишувам Зоки јави се.Не можам друже во гужва сум.

Не треба ништо да дадеме кај Вилма, ништо во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишувам брат го имам во документ, ќе ти го покажам.

Друже мој, Македонија мора да стане европска држава, правна држава, да одиш ти утре да си пријавиш оти и ти ќе одговораш“

Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер.

Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти…законот. Не нè пуштија они. Што зборите вие?“

На почетокот на годината Врховен донесе начелно правно мислење за новите истраги на СЈО  кое резултираше со укинување на притворите за Камчев и останатите осомничени во Империја.

Во Септември лидерот на ВМРО- ДПМНЕ дека од свиркачи добил записиници од искази за Рекет но и вештачења.

Новите снимки се на истиот Јутјуб канал како и претходните од пред 4 дена. У6Е БИГ.

Од обвинителството за организиран криминал го повторуваат ставот  дека ги испитуваат сите околности за да идентификуваат кој ги објавил снимките.

Ќе утврдуваат дали во содржината на разговорите има елементи на кривично дело , кој снимал, и кои се соговорниците.

Откако ќе ги анализираат собраните докази ќе повикуваат сведоци. Велат од обвинителството но засега не откриваат кој ќе биде повикан

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ