Наместо Владата комисија ќе ги избира директорите

Наместо Владата – Комисија ќе ги избира директорите и кадрите за високите раководни позиции во 130 државни институции. Но, министрите и директорите пак ќе го имаат конечниот збор, да одберат еден од тројцата најдобро рангирани. Комисијата ќе се формира во Собранието, ќе биде самостоен орган со 5 члена и мандат од 5 години, а членовите ќе земаат над 75.000 денари плата или колку три просечни. Комисијата пак ќе ја избере посебен Комитет во кој покрај експерти и претставници на стопанските комори и на антикорупциска, ќе членуваат и по двајца пратеници од власта и од опозицијата. Целта со новиот закон, според Манчевски е деполитизација на изборот на високораководните кадри.

За член на Комисијата на високораководната служба може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:да е државјанин, да има завршено високо образование со минимум 240 кредити, д аима најмалку 15 гоидни работнотно искуство, во последните 4 години да не бил пратеник, член на влада, градоначалник, советник или донатор на политичка партија, или да немал функција во органите на политичките партии,

изјави Манчевски.

Интервјуата пак со кадидатите кои ќе бидат јавни по примерот како се избираа антикорупционерите. Ќе ги прави посебен Одбор. За Манчевски не е ништо спорно во тоа што изборот на еден од тројцата сепак ќе падне во рацете на функционер кој сепак е назначен од  политичката гарнитура која е на власт.

И по закон одлучуваат. Тоа е законско право и секаде е тоа така. Не постои ниту една земја во светот, апсолутно ниту една каде што оној кој одлучува и во законот не може на крај сепак да врши и некаков избор.На крајот на денот, да ние ќе имаме дискреционо право да одлучуваме од тројца, ама не од 33- ца колку што можеби се јавиле на конкурсот  и граѓаните ќе бидат сигурни дека бираме од најдобрите три кандидати,

вели Манчевски.

Законот кој вчера го усвои Владата, оди на Собрание, а ќе почне да се применува 9 месеци откако ќе биде усвоен. Манчевски е уверен дека тој ќе биде гаранција дека високите раководни позиции конечно ќе ги заземат професионалци, а не партиски кадри.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ