
УЈП: ВМРО ДПМНЕ ја затворило предизборната сметка, а должи пари за кампањата на Сиљановска
ВМРО ДПМНЕ ја затворило предизборната сметка, а должи пари за промотивен материјал за кампањата на Гордана Сиљановска Давкова.
Ова го констатирале инспекторите од УЈП кои ги истражувале трите фирми преку кои се набавувани маички, пенкала, запалки, капчиња.
Партијата склучила договор со Полиестердеј од каде добила седум фактури на вкупно 550 илјади евра, требало да ги плати во рок од два месеци по добивање на стоката.
Платени се околу 185 илјади евра додека партијата на фирмата и борчи 370 илјади евра. Ова доаѓа откако ревизорите утврдија дека ВМРО – ДПМНЕ има долг од околу 400 илјади евра за предизборна кампања кои не се платени од сметката специјално отворена за оваа намена.
Сега и МВР се заинтересра за случајот, но не се знае дали ќе има било каква пријава за нелегално финансирање на кампања.
Инаку Полиестердеј набавувала роба од две фирми, првата е шпанска кон која нема долгови, додека втората МОНТ на Орце Камчев на која сега и должи околу 320 илјади евра, велат од УЈП.
Билјана Николовска