Најнови аудио снимки: има џи-пи-ес во рачката од торбата

Нови куси 11 аудио снимки се појавија на јутјуб каналот. Во нив се препознава гласот на бизнисменот Орце Камчев со непознат соговорник кој вели дека не смее да зборува каде се парите, но потенцира дека има џи-пи-ес во рачката од торбата која заврши во рацете на Бојан Јовановски.

На прашање на соговорникот бизнисменот одговара дека куферот со парите не е кај Заев. Пред два дена, државниот обвинител Јовески за Телма кажа дека е отворен нов предмет за најновите аудио снимки. Ќе се истражува дали на нив е гласот на Камчев, кој ги пуштил разговорите и дали во нив има кривично дело закана по живот.

Еве дел од најновите аудио снимки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ