Многу жртви на семејно насилство, а малку судски предмети

Во судовите има малку предмети а во секојдневниот живот на секој агол има жртви на семејно насилство. Ова може да се констатира од анализата на коалцијата за правично судење според која од април до јули годинава следела 35 предмети на семејно насилство низ државата о кои 33 обвинети биле мажи Премалиот број на предмети ја потврдува тезата дека овој вид на криминалитет е генерално непријавен  неоткриен  и за кој постои голема темна бројка. 

Невладините предлагаат повеке законски измени  кои би резултирале и со поголема доверба на жртвите во системот. Потребна е да се воведе механизам за рана заштита на жртвите на семејно насилство. Со тоа уште во моментот кога жртвите ќе го пријават насилството, судијата на претходна постапка дам оже да им определи мерки  како забрана насилникот да го посети домот на жртвата, сместување на жртвата во посебни засолништа центри но и за насилникот  обврска да биде сместен во центар за третман против насилство.

Анлизата на Коалицијата наметнува потреба се и законски измени со кои ќе се воведат  построги казни за овие криивчни дела . Од 7 пресуди кои ги монмтирирале само во еден случај била изречена ефективна казна затвор , во 3 предмети  условна казна во една парична и две одбиватлени пресуди затоа што жртвата се повлекла предлогот за гонење на обвинетиот.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ