
Македонците или нудат или им е побарано мито за да завршат некоја работа
Еден третина од ѓраѓаните во Македонија самите понудиле мито за да завршат некоја работа, а на 50 проценти им биле побарани пари од јавен служебеник или административец – стои во извештајот на Обединетите нации. Истражувањато покажува и дека во скоро 50 проценти од пријавените случаи парите се најчеста форма на мито.
На дел од невладиниот сектор овие бројки им послужиле како појдовна точка да почнат да истражуваат каде е коренот корупцијата како долгогодишен проблем.
Според Хелсиншкиот комитет за човекови права корупцијата останува еден од најсериозните проблеми во Македонија .
„Корупцијата и одлучувањето при постоењето на судир на интереси претставуваат феномени кои во значителна мера остануваат неказнети , а перцепцијата на граѓаните е дека борбата против корупцијата не дава задоволителни резултати“, велат од Хелсиншки Комитет за човекови права.
И покрај ваквите аларманти бројки премиерот Заев е оптимист дека државата ќе излеза на крај со корупцијата. Тој на својот профил денеска напиша и дека во Македонија има политичка волја за борба против корупцијата како никогаш до сега.
Инаку, денеска по 11-ти пат се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупција.
Теодора Цветковска