Европски пари ги зближија Штип и бугарска Белица

Европа ги зближи Штип и бугарската општина Белица. Преку Програмата за меѓугранична соработка Бугарија-Северна Македонија  ќе искористат над 400.000 евра  за  развивање на културен туризам, рехабилитација на народното читалиште во Белица и конзервација на црквата Свети Василиј, со што Штип ќе може на туристите да ја раскажува приказната за тврдината Исар.

Белица се наоѓа на неколку километри од познатите туристички центри Банско и Разлог. За наши прилики е рекордер во искористувањето на европски пари, само Народното читалиште Георги Тодоров 1885 за две години има искористено речиси еден милион евра.

На почетокот ги имале истите главоболки, а во од учеле како да аплицираат. Токму фондовите на ЕУ,  Белица ја направи единствената општина во Европа , каде на површина од 120.000 м/2 е изграден парк за рехабилитација на танцувачките мечки. Откако ќе остарат за сцена, циркузите ги пензионираат овде.

“Во моментов има 28 мечки од Косово, Грција, Украина и секако Бугарија.Тоа е една голема туристичка придобивка . Посетите почнуваат од пролет , некаде од април и траат до 1 декември” – вели секретарот на народното читалиште Георги Тодоров, Маја Падарова.

Европски стандард, а  проблемите исти.  Младите и овде  се иселили.

“Јас сум пензионерка земам 200 лева и сопругот 300 лева, со тоа живееме, многу малку останува. Затоа и работам дополнително во еден хотел во Разлог. Ќерката и синот се иселени, таа е во Чешка, а синот е во Софија” – вели жителка на Белица.

За жал како и во целата држава имаме напуштање на младите, поради доста причини, но пред се финансиски. Младите заминуваат, но ние се надеваме дека ќе се вратат и повторно ќе работата за развој  на Општината и на Државата, додава друг жител на Белица.

Водечки гранки на Белица се дрвната, текстилната индустрија и туризмот. Општината со речиси 12.000 жители наредните две години ќе биде партнер на Центарот за развој на источно планскиот регион и Штип.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ