Пазарџиите бараат пониски цени за закуп на тезгите

Пазарџиите едногласни – или намалување на месечната закупнина за тезгите или ќе излезат на штрајк. Пред 10 дена со петиција во рака затропале на вратата на Скопски пазар. Нивниот предлог е сите да плаќаат иста цена за закуп на тезгите – 60 евра месечно.

Но, од Скопски пазар им пратиле нов ценовник.Со новите измени на ценовникот секој пазарџија месечно ќе треба да даде околу 100 евра за закуп на тезга.

Од новиот ценовник за пазарите оштетени ќе бидат и земјоделците. Ако досега плаќаа 2000 денари по тезга на зимо кога немаат нивните производи, со измените повеќе нема да имаат таква опција.

Од Скопски пазар топката ја префрлаат до советите на општините.

„ Одлуката за цените на тезгите во градовите каде организаторите на пазарите се формирани од општините , цените за закуп се усвојуваат на Советот на општината.Во Скопје цените се утврдуваат во рамки на компанијата која е сопственик на зелените пазари“ – велат од Групација за пазари при Стопанска комора на Македонија .

Тие додаваат и дека следната недела ќе излезат со повеќе информации, а толкав и рокот кој им го дадоа пазарџиите пред да излезат на генерален штрајк.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ