Кривична пријава против 4 малолетници и едно возрасно лице

СВР Скопје соопшти дека ќе поднесе кривични пријави против четири малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Малолетниците на 06.12.2019 околу 19.30 часот на ул.„Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување. 

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребило остар предмет при вршење на кривичното дело. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ