
Судот во Стразбур ќе одлучува за помилувањата на Мијалков и Јанкуловска
Екс министерката Гордана Јанкуловска и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се само дел од поранешните функционери кои пред судот во Стразбур се повикувуваат на помилувањата на експретседателот Иванов дознава Телма од извори блиски до одбраната.
Меѓу аргументите ја навеле пресудата на европскиот суд за човекови права, Лекса против Словачка и правната доктрина според која дадено помилување не може да се повлече.
Кои други обвинети што беа дел од претседателските аболиции во 2013 се жалат во Стразбур по истиот основ официјално никој не открива.
На прашањата на Телма до судот добивме потврда дека такви апликации кај нив има но колку и од кого не откриваат.
“Овој суд има примено повеќе пријави од апликанти кои се обвинети од страна на СЈО и во кои тие се жалат по различни основи. Во некои од нив, апликантите се повикуваат на помилувањата на Претседателот кои и вие го споменувате во вашата порака. Случаите се разгледуваат земајки ги предвид фактите и правните прашања во секоја пријава” – тврди Европскиот суд за човекови права.
По барањето за автентично толкување собраниската комисија заклучи дека членот по кој дал Иванов помилување не постоел.
Од министерството за правда очекуваат тоа да ги убеди судиите во Стразбур дека помилувањата биле не законски но и ке го искотистат како нов и клучен аргумент за да повотрно да побараат екстрадиција за бегалците во Унгарија и Грција, Груевски Грујевкси и Бошковски
“Една од целите за барањето на автентично толкување е токму тоа – да се поднесат нови барања за екстрадиција, кои ќе следат по завршувањето на постапката во Собранието. Помилувањата на Иванов се ништовни и незаконски, односно не произведуваат никакво правно дејство, што е доволен аргумент за судот во Стразбур”– соопшти министерството за правда.
Одбраната пак не очекува ставот на Собранието да ги премисли судиите во Европскиот суд за човекови права.
Сметаат дека одлуките на Стразбур имаат супремација на националните законодавства и дека судот ќе ја почитува сопствената судска пракса а автентичното толкување на собранието нема влијание.
Освен пред судот во Стразбур адвокати на поранешни фунцкионери уште пред една година поднеле барање и до врховниот суд да донесе начелно правно мислење за тоа дали може да се води кривична постапка против лице за кое бил донесен акт на помилување
Елена Ивановска Мукоска