
Нова аудио снимка објавена на интернет со телефонски разговор на Орце Камчев
Нова аудио снимка поставена на Youtube на која се слуша глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев, поврзан со случајот Рекет.
Според разговорот што е објавен, тој бара средба со Вице Заев и се заканува дека доколку не се заврши договорената работа “ќе крварат сите”. Се слуша и како вели дека ако нема договор нови материјали ќе бидат пуштени од Бугарија а ја подвлекува и својата блиска соработка со ВМРО-ДПМНЕ
“Дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв и крв” – вели Камчев на објавената аудио снимка.
Обвинителката Вилма Рускоска за Телма потврди дека објавениот разговор не е дел од доказниот материјал кој обвинителството го поседува за случајот Рекет .