Мајка на две деца два месеци врзана за кревет по сообраќајка

Цели десет месеци 25 годишна мајка на две деца е врзана за кревет. Ирена Танчева до лани во април била здрава млада жена којашто со сопругот растеле две деца и очекувале трето. Тоа утро, на 27 април, носејќи ги двете деца на градинка од Самоилово кон Ново Село, за да избегне директен судир со со несовесен возач кој претекнувал таа излетала од патот.

Поминала речиси еден месец во кома и уште неколку на клиниките во Скопје и Охрид. Повредите на ’рбетот ја оставаат целосно парализирана, па откако пред месец и половина добила отпусна листа, за неа се грижи мајка и во родното Бориево, бидејќи сопругот ги чува малолетните синови на 3 и 5 годишна возраст. Танчеви се очајни и бараат помош за 25 годишната Ирена да застане на нозе и семејството повторно да се собере.

Надеж за свое опоравување Ирена гледа во Русија во лекувањето со матични клетки. Потребни и’ се три третмани и над 60 илјади евра без трошоци за нејзиниот транспорт, којшто е скап бидејќи таа е врзана за кревет. Прогнозите на тамошните лекари се дека има 85% шанси да застане на нозе.

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ