Претреси во домовите на Божиновски и Канческа Милевска

Утринава специјалци на МВР извршиле претреси во домовите на Кирил Божиновски поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија и екс министерката за култура Канческа Милевска.

Кирил Божиновски од Специјалното јавно обвинителство е обвинет во случајот „Титаник“, а Канческа Милеска е обвинета во повеќе предмети на ова обвинителство.

Засега од СЈО не откриваат која е причината за претресите, дали се работи за нови истраги или за веќе отворените случаи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ