Кој ќе купи постар автомобил ќе плаќа поголем данок

После Нова Година кој ќе увезе постар автомобил со пониски еколошки стандарди ќе плаќа поголем данок. Законот за данок на моторни возила влезе во Собрание и треба да го помине собранискиот филтер докрајот на годинава. Покрај тоа која година е произведен автомобилот како и неговата вредност, многу важен параметар за данокот ќе биде и колкава емисија на јаглерод диоксид испушта во околината, односно колку е загадувач. Возилото за кое не е платен данокот нема да може да помине регистрација, а казните се ригорозни.

  • Предмет на оданочување со данок на моторни возила ќе бидат новите и употребуваните моторни возила кои се увезуваат и/или за прв пат се  ставаат во слободен промет и/или за прв пат се регистрираат во Република Северна Македонија“- стои во предлог законот.

Од Царина велат деталите ќе се утврдуваат по донесвањето на законот, со подзаконските акти. Во пракса ова ќе значи дека тој што сака да увезе постар и понееколошки автомобил ќе плаќа поголем данок.

  • Сите подзаконски акти ќе се носат по донесувањето на законот во Собранието.Се воведуваат еколошки параметри во пресметката на царинската вредност на возилата која ќе биде компбинација меѓу стариоста на возиата и емисијата на ЦО2 која ја емитува. Тие со понееколошки стандарди ќе плаќаат повисок данок“.- велат од Царина

Премиерот очекува законот да почне да важи од 1 јануари. Вели целта е да се демотивираат граѓаните да купувата стари возила.

  • Со новиот закон за даноци на моторните возила дефинитивно се водиме од еколошките параметри логично е дека тоа мора и треба да го правиме. Секако преминуваме на едно повисоко ниво на еколошка заштита и во делот на увозот и во делот на купопродажбата на моторните возила. Ако до сега стаплките биле до 18 проценти сега ќе бидат до 20 проценти во делот на даноците нема големо покачување на даноците но има демотивација за купување на стари возила согласно лошите еколошки стандарди.

Сопственици на плацеви за половни возила за „Телма“ велат дека новиот данок ќе ги покачи цените на возилата. Но детали кои и за колку се уште немаат.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ