Полска ќе разговара за францускиот нон-пејпер, но очекува датум за земјава во март

Полска очекува Европскиот совет во март да донесе одлука за старт на преговори со Македонија, а за францускиот предлог е подготвена да разговара, но за тоа го чека документ од Европската комисија. Овој став во Скопје го соопшти државниот секретар на Полска за европска политика.

Полска очекува во март Европскиот совет да донесе одлука за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија. Во идните месеци ќе работиме на тоа со другите земји-членки. Во контекст на идејата за подобрување на пристапиот процес предложена од Франција, Полска е расположена да разговара за можно подобрување. Очекуваме Европската комисија да го објави документот кој треба да биде основа за дебата по ова прашање. Се надеваме дека овој предлог на Франција нема да го одложи процесот на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан. Ќе го анализираме предлогот во насока на притисок за одлука во март за отоврање на преговори со Северна Македонија и со Албанија,

изјави Шимон Шинковски вел Шек, државен секретар за европска политика на Полска.

Шинковски рече дека Полска е разочарана од блокадата на Франција. Тој на завршната конференција за претседавањето на Полска со Берлинскиот процес изрази надеж дека Франција ќе биде ангажирана во процесот, пред се оти таа ги потпишала заклучоците во Познањ дека европската перспектива е вистинска перспектива за регионот.  Македонија заедно со Бугарија се следни претседавачи со Берлиснкиот процес.

За францускиот нон-пејпер заменик-министерот за надворешни работи рече дека земјава нема од што да се плаши, бидејќи нејзинотото закодавство во голем дел е усогласено со европското и оти брзо ќе затвори повеќе од половина од поглавјата.

Има елементи што треба да се поддржат. Ние сакаме побрзо да дојдеме до структурните фондови, ние сакаме да добиеме награда врз основа на мерит системот, врз системот на заслуги, но не треба да се биде наивен, треба да се биде внимателен да се види кои се тие делови што треба да се подобрат. Нон-пејперот не може и не смее да биде причина целиот процес да застане,

рече Андреј Жерновски, заменик-министер за надворешни работи.

За одговорот на Македонија на нон-пејперот тој рече дека треба да се финишира официјалниот допис и да се испрати по дипломатски пат до Франција.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ