
3000 евра казна за фирмата „Екоцентар- 97“ за немарно чистење отрови во ОХИС
Предизвикале непријатна миризба, ја загрозиле животната средина: воздухот, водата и почвата.
Ова е вината на фирмата „Екоцентар“- 97 која ќе плати до 3000 евра казна за немарно постапување кога го миеле резервоарот со отровниот метил акрилат, а им се излеа растворот заради дотрен вентил.
Ова е првата казна кој вчера ја испорача државниот инспекторат за животна средина.
„Изречена е казна согласно чл. 139 став 1 точка 3, а во врска со чл. 24 од Законот за управување со отпад или не постапување со должно внимание . Нема надминување на емисии над дозволените граници во амбиеталниот воздух според испитувањата на АРМ“ – соопшти државниот инспекторат за животна средина.
„Екоцентар“ 97 нема примедба за казната, а сопственикот го потпишал записникот на инспекторот. Казната доаѓа во ист ден откако се огласи овластената штипска лабараторија дека го завршила извештајот за работењето на фирмата.
Биле испочитувани процедурите, и била обезбедна документацијата за извозот на отровните хемикалии на уништување во други земји.
Но, засега не откриваат дали постапувањето со 11-те опасни хемикалии се вршело според елаборатот за заштита на животната средина.
Откако стечајниот суд ќе го разгледа извештајот тој ќе биде предаден на надлежното министерство за животна средина кое ќе одлучи дали ќе ја гони или не фирмата додека последниот збор е на обвинителстовото дали ќе отвори истрага и кривично ќе гони.
„Екоцентар 97“ преку стечајната постапка доби 2 милиони евра за да исчисти 11 отровни и опасни хемикалии, а заглави на експлозивниот винил хлорид за што побара и доби продолжување на рокот за 4 месеци додека најде печка за уништување на оваа хемикалија.
Павле Беловски