
Судбината на рудникот Иловица во рацете на Управниот суд
Судбината на рудникот Иловица е во рацете на Управниот суд – откако компанијата „Еуромакс ресорсес“ поднесе тужби против решенијата на Министерството за економија и второстепената владина комисија а кои водат кон раскинување на договорот за концесија.
Од Управниот суд за Телма велат дека постапуваат по предметот. Не може да се каже кога ќе биде донесена и каква би била конечната одлука на управните судии. Од Владата со став дека ќе ја чекаат одлуката на Управниот суд за да може да стапи на сила одлуката за раскинување на договорот со „Еуромакс ресорсес“.
Од Министерството за економија пак посочуваат дека тие до Владата испратиле предлог одлука за еднострано раскинување на договорот. Според нив откако тие утврдиле дека „Еуромакс ресорсес“ не ги исполнува условите за концесија а жалбата на компанијата била отфрлена и на второстепна комисија и со оглед дека решението со кое се одбива издавање дозвола за концесија е конечно – исполнети се условите за едностран раскин на договорот. Но, владата посочуваат дека мора да се почека одлуката на Управниот суд.
Пред неколку недели жителите на струмичкиот регион протестираа пред владата и бараа – договорот со „Еуромакс ресорсис“ да биде раскинат пред формирање на техничката влада а тоа беше и едно под барањата на невладините органзиции доставени до владата.