Почна реконструкцијата на секундарната водоводна мрежа во Теарце

Започна реконструкцијата на секундарната водоводна мрежа во Теарце, која ќе донесе поголемо количество чиста вода во селото.

Според општинските власти со реализација на овој прокет повеќе нема да има губитоци на водата поради кои селото мораше да се снабдува од река Бистрица, која беше главен извор на загадување на водоводот и честите труења на Теарчани.

Директорот на ЈКП Теарце Мефаил Мифтари, вели дека труењето на Теарчани изминатово лето беше резултат на небезбедната вода од реката, но и од хидроцетралите чии базени се чистат несоодветно.

Изминатово лето водата во Теарце беше микробиолошка загаденост при што  се затруја над 400 пациенти од неколку населени места од Општина Теарце.   

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ