Жерновски: Добра вест од Шпанија!

Вчера се одржана конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници, објави на својот ФБ профил заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

„Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии. За нас, а во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест“, пишува Жерновски.

Постот го завршува со следново: По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ