
МВР влезе во две фирми за финансирање на кампања на ВМРО ДПМНЕ
МВР го истражува финансирањето на кампањата на ВМРО ДПМНЕ, за последните претседателски избори. Според извори од министерството две фирми се домашни а една во Шпанија. Една од нив е фирмата МОНТ која се пворзува со бизнисменот Орце Камчев.
Извори за Телма од обвинителството велат дека МВР побарало, а скопското обвинителсво дало налог за да се влезе. За Телма од обвинителството потврдуваат дека дале налог, но велат дека се работи за рана фаза на предистражна постапка. Според неофицијални информации се бараат финансиски извештаи за финансирањето на кампањата на ВМРО ДПМНЕ на последните претседателски избори. Се проверува дали и по затворањето на сметката од која се финансираат изборите се наплатени пари за рекламен материјал, велат од обвинителството. За фирмата од Шпанија е вклучено и шпанското министерство за внатрешни работи. Сепак за ова обвинителството ќе соработува и со Државниот завод за ревизија кој работи на анализирање на предизборните кампањи на партиите. Претходно владеачката партија обвини дека има нерегуларности во кампањата, но ова е прва ваква предистрага.