Заев: Политиканство е иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за предврмено ратификување на протоколот за НАТО

Политиканство е иницијативата на ВМРО ДПМНЕ, за предвремена ратификација на протоколот за НАТО, вели премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе ја прифати иницијативата на опозициската партија кои вчера ја поднесоа до Собранието, кое ја препрати до Владата. Премиерот праша каде биле ВМРО ДПМНЕ кога се бараше нив да ја поддржат власта кога се отвораше патот до НАТО.

  • Тие станаа од пратеничките клупи, и на нивните сопартијци им стоеа над глава кога се носеше одлука за измена на Уставот, рече Заев.

Не треба да брзаме, има протокол , и ќе ја почекаме Шпанија, додаде тој. Рече дека не е точна информацијата дека Црна Гора го искористила тоа право, како што информираше ВМРО ДПМНЕ, да не чека последна да го ратификува протоколот за влез во НАТО.

Инаку, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доставија иницијатива до Собранието, кое требаше да ја препрати до владата, а тие, пак, да поднесат закон. Се повикуваат на искуството од Црна Гора, која пред две години го ратификуваше протоколот цел месец пред тоа да го стори Шпанија и неколку дена пред ратификацијата од Холандија. Велат дека, целта им е да спречат, ратификацијата да биде причина за одложување на предвремените избори, закажани во април.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ