
Мицкоски: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка
Зголемување на старосната граница за пензионирање ќе се прекрши на грбот на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ваква мерка.
Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето видео обраќање по најавата на премиерот Заев дека е можно зголемување на старосната граница за пензионирање за да се покрие дупката во ПИОМ од половина милијарда евра. Мицковски тврди дека сепак има пари во државата.
„Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува збор за пензискиот фонд тврдат дека има недостаток на пари. Вистината е дека оваа влада не умее да менаџира со парите на граѓаните. Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап. Постојаната старосна граница за пензионирање е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики“, рече Мицкоски.