
Заев: ќе се зголеми парламентарното мнозинство со реконструкција на Владата
Премиерот Зоран Заев очекувал дека дел од функционерите во Владата ќе се поправат, оние кои не го поминале овој тест ќе бидат жртви на реконструкцијата која ја најавува. Според него во иднина ќе се зацврсти и парламентарното мнозинство во Парламентот што е поврзано со реконструкцијата на Владата.
Заев не гледа проблем во тоа што вицепремиерот Бујар Османи сам одлучил да не присуствува на Меѓународна министерска конференција за европски интеграции на западен балкан која се одржува во Бања лука поради тоа што Косово не е покането на оваа конференција. И за двајцата солидарноста е причината поради која Македонија не учествува на конференцијата.
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски на својот Фејсбук профил постапката на Османи ја нарече скандалозна и праша дали Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово праша Николовски.Инаку освен Македонија и Албанија го откажа учеството на конференцијата поради отсуството на Косово.
Биљана Николовска