За предвремената ратификација на Протоколот за НАТО ќе одлучува владата

Претседателот на Собранието ќе ја препрати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремена ратификација на протоколот за НАТО до владата. Вели дека тоа е негова законска обврска.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од Џафери да ја достав нивната иницијатива до владата, а тие, пак, да поднесат закон. Се повикуваат на искуството од Црна гора, која пред две години го ратификуваше протоколот цел месец пред тоа да го стори Шпанија и неколку дена пред ратификацијата од Холандија. Велат дека, целта им е да спречат, ратификацијата да биде причина за одложување на предвремените избори, закажани во април.

Иницијативата ја поддржува и Зијадин Села, кој пак, даде и конкретен предлог, за неа да се гласа веќе на седницата закажана за 11 декември.Потсети дека имаме сличен и внатрешен преседан,што треба да се повтори и сега.

СДСМ се против предвремена ратификација.Убедени се дека шпанскиот парламент ќе успее да го ратификува протоколот, пред да се распушти нашиот.Ги обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие.

Ванчева вели дека се` ќе биде појасно по денешната средба на премиерот со мандатарот на новата влада во Шпанија, Педро Санчез. Кралството Шпанија е единствената земја членка на НАТО која поради политичка криза и неможност да формира стабилна влада досега не го ратификувала македонското членство во Алијансата.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ