Три години затвор за Кичеец

Казна затвор од три години  за примање награда доби Зоран Милевски – Кичеец, третообвинетиот во случајот „Рекет“, кој вчера на почетокот на судењето го призна делото. Судот одлучи да остане во домашен притвор откако претходно ги сослуша аргументите на обвинителствот и одбраната.

Обвинителската Вилма Русковска предложи продолжување на куќниот притвор до издржување на казната, а адвокатите на Милевски пак бараа да се укине, затоа што треба да се грижи за неговиот болен татко, и дека не планира да бега. Тие истакнаа дека и досега секогаш бил достапен и признал вина.

Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ