
Дилеми околу францускиот нон-пејпер
Одговорот на владата на нон-пејперот од Франција бил слаб, е оцената на дел од граѓанскиот сектор во земјава, кој смета дека може да се биде поактивен и погласен околу документот.
За претставниците граѓанскиот сектор од Франција и Холандија дека земјите-членки брзо мора да излезат со предлози за предложените реформи.
“Линкот што Франција го направи со реформите во самата Унија е нешто што не се споделува во некои други земји. Холандија смета дека реформата на ЕУ од една страна и реформата на процесот на проширување се две одвоени дискусии. Очекувам да има жестока дебата во наредните месеци и ќе биде тешко да се постигне консензус пред април, оценува холандскиот експерт” – вели Воутер Звеерс од институтот Клингендал.
“Францускиот-нон пејпер ќе кажам дека беше напишан можеби многу брзо и има многу недостатоци, но во исто време ние немаме друг избор ибор освен да се занимаваме со овој документ и да направиме нешто со тоа. Се надевам дека граѓанскиот сектор од целиот Западен Балкан ќе одигра голем улога. Исто така и од владите, шефовите на држави и премиерите сите да размислат што ќе прават со тоа, каков предлог ќе и достават на Европската комисија и на членките. Тоа е моја препорака за директен придонес од земјите од регионот до ЕУ-членките и да се види дали Франција е сериозна во однос на нон-пејперот, што е начин да се обврзат да продолжат со документот” – смета Себастиен Грику од фондацијата “Жан Журес”.